еМагазин
Бизнис

Вевчани ќе добие фабрика за производство на медицински канабис

Околу 50 лица ќе бидат вработени во новата фабрика за производство на медицински канабис, масло и други производи од канабис што наскоро ќе почне со работа во Вевчани.

Производствениот процес, како што информира градоначалникот Сашо Јанкоски, треба да почне во октомври идната година, а за неполн месец ќе почне постапката за вработување. Тој информира дека имал средба со сопственикот на компанијата „Флауер Пауер“, Матео ван дер Борн од Холандија, на која биле прецизирани условите за отпочнување на инвестицијата.

–  Со сопственикот на компанијата ги прецизиравме условите што Општината треба да ги обезбеди за отпочнување на инвестицискиот процес, а за возврат за вработување предност да имаат лицата од Вевчани. За 20-тина дена треба да почнат првите вработувања и поставување на опремата, која како што најави сопственикот, ќе биде со вредност од околу пет-шест милиони евра, изјави Јанкоски.

Фабриката за производство на медицински канабис, масло и други производиод канабис ќе биде сместена во веќе постоечки објект на влезот од Вевчани, за што бил склучен договор со сопственикот.

–  За нас како Општина Вевчани, посебно е задоволството што се отвараат 50- тина нови добро платени работни места, со што ќе се реши егзистенцијата на исто толкав број вевчанци. Нашите заложби за привлекување инвеститори, отварање нови работни места, како и подобар живот за граѓаните се континуирани, нагласи градоначалникот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ ги објави платите и надоместоците на членовите на Управниот одбор: Колкава плата има Бранко Грегановиќ

Редакција

Дизелот поевтинува за половина, а бензините поскапуваат за еден денар

Редакција

Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница