еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Раст на цените: Трошоците на живот зголемени за 3,7%

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0,1, а цените на мало за 0,5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,4 и млекото за 0,3 проценти.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9,4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9,3 проценти, услугите за сместување за 3,3 проценти, книгите за 1,2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,9  проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0,5 проценти, обувките за 0,3 проценти и моторните возила за 0,2 проценти.

Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2,5 проценти, пивото за 0,7 проценти, рибата и морските плодови за 0,4 проценти, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0,2 проценти.

Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3,1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2,9 процент, гасот за домаќинствата за 2,2 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1,2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1,0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0,7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0,3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува поднесувањето барања за поддршка од земјоделскиот Интервентен фонд

Редакција

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници

Редакција

Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници, велат од ССМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница