еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Актерот Тони Михајловски кој е кандидат за градоначалник, е позитивен на Ковид-19

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Куманово, Тони Михајловски, на официјалниот профил на Фејсбук соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Тој нагласува дека иако е вакциниран и ги почитувал мерките на резултатите од тестирањето излегол позитивен.

– Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого.

Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово, напиша кандидатот Михајловски.

Тој во видео кажа дека ќе биде во десетдневна изолација, изразувајќи надеж дека состојбата нема да ескалира. Михајловски му порача на неговиот тим дека е заедно со нив и останува во трката.

– Не се откажуваме, на 17-ти нè чека голема победа – за Куманово, конечно да ги добие промените кои ги заслужува-заврши Михајловски.

Фото/видео: Михајловски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Солидарноста на една француска пекарка му овозможи на 69-годишен Битолчанец да си дојде дома

Редакција

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилките, лицата со нарушен слух, говор и глас

Редакција

До петок сончево и многу топло со температури околу 40 степени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница