еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021

Повеќе од 350 вработени лица од компанијата Џонсон Мети беа дел од овогодинешниот Wizz Air Скопски маратон 2021.

За менаџментот на компанијата, ова е само доказ дека вработените трчаат за своето здравје и за поддршка на корпоративното мото за подигнување на свеста за здравјето и безбедноста „Безбедноста на прво место – Безбедни на работа – Безбедни дома“.

Организаторот на маратонот додели пехар на Џонсон Мети семејството како најбројна екипа.

„Горди сме на големиот број на претставници од нашата компанија кои земаа учество на овогодинешниот маратон. Честитки и благодарност на сите колеги за истрчаните километри, постигнатите времиња и освоените награди! Нашите вработени, учесници на Скопскиот маратон покажаа храброст и колегијалност, единство и победнички дух. Само тој начин е вистинскиот за реализација на нашите цели и постигнување на резултати!“, додава извршниот директор Боријан Борозанов.

Од компанијата изразуваат благодарност за организаторите на маратонот и до Британската Амбасада, како и до амбасадорката на Обединетото Кралство. Рејчел Галовеј и до нејзиниот тим..

„Се надеваме дека интересот на вработените за учество на спортски и други настани и понатаму ќе расте и понатаму ќе издвојуваме големи успеси. Џонсон Мети е постојано посветен на придонесување кон зачувување и унапредување на физичката и менталната добросостојба на вработените, а освоената награда го потврдува тоа“, вели Борозанов.

Во прилог дел од атмосферата, резултати и повеќе детали на страната на скопски маратон: skopskimaraton.com.mk.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Младиот херој Марко Пејчиноски за 14 часа по втор пат го преплива Охридското езеро

Редакција

„Аргентинска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на аргентински специјалитети со звуците на тангото

Редакција

Black Friday во Рамстор Мол – Големи попусти и мнооогу забава од 29.11 до 01.12

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница