еМагазин
Балкан

Во Словенија во иднина ќе се вакцинира само со вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“

Во иднина, имунизацијата на населението против Kовид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (АстраЗенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар.

Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина помалку од две недели по вакцинација со Џoнсон и Џoнсон.

Поклукар на прес -конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за лица кои имаат контраиндикација за вакцинација со mRNA вакцини или на експлицитна желба да добијат доза од векторската вакцина.

Експертите, исто така, и сугерираа на владата да користи вакцина „Фајзер“ за млади под 30-годишна возраст, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул по примањето вакцина на Модерна.

Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со mRNA, а другите половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката Влада го спречува профитерството со ПЦР тестовите: Цената не смее да биде повисока од 40 евра

Редакција

Српскиот производител „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето

Редакција

Се додека Ердоган е претседател на Турција, нема „да„ за Шведска и Финска во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница