еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија во Радовиш: Двајца алпинисти загинаа во рудникот „Бучим“, при чистење на високо-недостапни силоси

Двајца алпинисти, членови на алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, загинале денеска во рудникот „Бучим“ при чистење на високо-недостапни силоси.

„На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот.

Оттаму посочуваат дека се известени и повикани сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид.

– Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. „Бучим“ целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања.

Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите, се додава во официјалната изјава на „Бучим“, од каде искажуваат искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица.

Фото: Бучим

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Шокантни снимки од упадот во американскиот Конгрес

Редакција

Кривична за полицаец од станицата Бит Пазар кој допирал по тело жена

Редакција

Најмладиот на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа седум лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница