еМагазин
Image default
Македонија

10 лица од Авганистан кои престојуваа во Македонија заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, синоќа замина од Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Владата.

-Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, соопшти владината прес-служба.

Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што досега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

-За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, стои во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема пресуда за Мијалков за случајот „Тортура“, судењето се враќа на почеток

Редакција

Кривична за поранешна градоначалничка на Македонска Каменица

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието ако власта не повлече 12 закони со европско знаменце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница