еМагазин
Image default
Македонија

Во скринингот за Ковид-19 опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средни училишта, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје, информираат од Министерство за здравство.

„По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, тестирањата, кои ќе започнат од следната недела, ќе опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата.

Собирањето на согласности за тестирање на учениците во училиштата започна oд денеска.

Министерството за здравство скринингот во училиштата ќе го реализира по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето.

Тестирањето, трае помалку од една минута, истото е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина.

Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот Ковид-19, односно дали истиот се шири низ училиштата и каква е трансмисијата.

Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296. Додека пак, во рамки на училиштата на општините и градот Скопје, скринингот ќе опфати 766 ученици,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство апелира до родителите и старателите, да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид-19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците.

Со давањето поддршка на скринингот, зачајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците, велат од Министерството.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Eвропската комисија „не може многу да направи тука“, но очекува дополнителни објаснувања од Унгарија за одлуката за азил на Груевски

Редакција

Од Ковид-19 досега заболени 148 бремени жени и 926 здравствени работници

Редакција

(Видео) Афера “Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња на функционери кои земаат високи плати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница