еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И бугарски државјани, сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Истражувачкиот веб сајт bird.bg од Бугарија објави дека сопствениците на Првата инвестициска банка, во чија сопственост е и УНИ Банка во Македонија, Цеко Минев и Ивајло Мутафчиев имале офшор компании.

Според сајтот тие имале регистрирано офшор компании преку Тридент од Британските девствени острови. Фирмите поврзани со нив земале кредити од Првата инвестициска банка.

Истражувањето открива и дека покрај нивните фирми, кредити од банката земале и офшор компании кои се во сопственост на кипарски Грк, а се поврзани со истите бугарски банкари.

Од Првата инвестициска банка во реакција на сторијата велат дека станува збор за постари и веќе познати информации за проблематичното работење на банката пред петнаесетина и повеќе години, а не за нови откритија, посочувајќи дека банката постојано е под домашна и под европска супервизија, која не утврдила никакви неправилности.

Велат и дека европските регулативи не забрануваат офшор компании да имаат сопственички удели во банки во државите од Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Пандора документите“ и сопственици на две фирми од Македонија

(Фото) И наводната љубовница на Путин во „Пандора документи“

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

Илустрации: Вашингтон пост/bird.bg

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се носителите на листи на Левица за парламентарните избори

Редакција

Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог

Редакција

Душан Пецовски, претседателот на УО на Реплек купи акции, сега поседува 12,08% од акциите на компанијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница