еМагазин
Image default
Локално

62-годишен скопјанец ја убил сопствената мајка

Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром.

-Полициски службеници од Полициската станица Аеродром денеска во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека утрово околу 6:30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала, соопштија од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворите ни се хотел-промаја, затвореници слободно се шетаат, оцени Пандов

Редакција

Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река

Редакција

Центарот на Тиквешијата расте во модерен град: Поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO прозорци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница