еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

45-годишен маж го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово: Детали од МВР

Жител на Тетово на 45 годинишна возраст, со иницијали Ф.Р. е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа вчера попладне на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош.

При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово.

– На местото на несреќата животот го загуби Ф.Р. (45) од Тетово. Повредени се Е.К. (22) од Тетово, кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога, како и Е.Љ. (31), исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница.

Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција кај починатото лице, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три патнички возила, опел, пежо и голф, како и товарно возило мерцедес. Започната е истрага за да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Конти“ им ги собра парите на македонските граѓани, во МВР се уште нема пријави: На повидок пирамидална измама

Редакција

Стевчо Јакимовски се враќа на обвинителна клупа поради сомнежите за злоупотреби во претходните мандати како градоначалник на Општина Карпош

Редакција

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница