еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

САД и ЕУ бараат почеток на преговори за Македонија без одлагање

Кабинетот на шефот на ЕУ дипломатијата ги објави деталите од средбата помеѓу Жосеп Борел и неговиот американски хомолог Ентони Блинкен и нивните пораки за Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Првите дипломати на ЕУ и на САД ја повториле нивната целосна поддршка за процесот на проширување на Унијата кон Западниот Балкан со цел „зајакнување на демократските институции, заштита на темелните права и унапредување на владеењето на правото“.

Интеграцијата на регионот во ЕУ ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, се согласиле Борел и Блинкен, кои се сретнаа минатата недела во Вашингтон за да разговараат за најголемите предизвици во областа на меѓународната политика за ЕУ и САД.

– Во овој контекст истакнуваме дека преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање, стои во соопштението од средбата.

Двајцата дипломати се осврнале и на ситуацијата помеѓу Косово и Србија, за кои единствено решение, според нив, е дијалогот под водство на ЕУ.

-По неодамнешните тензии на северот на Косово ги охрабруваме двете страни да се ангажираат во постојана и одржлива деескалација и да избегнуваат дела кои ја загрозуваат стабилноста, порачуваат Борел и Блинкен.

Изразија поддршка за борбата против корупцијата на косовските власти, но и дека секакво насилство кон цивили, новинари, полицајци и други власти е неприфатливо.

Што се однесува до Црна Гора, ЕУ и САД бараат сите политички сили да соработуваат за да ја задржат ориентацијата што ја бара црногорскиот народ и да продолжат со остварување на ЕУ реформите.

Конечно за Босна и Херцеговина, Брисел и Вашингтон ја повториле нивната цврста заложба за заштита на територијалниот интегритет на оваа земја.

-Сериозно сме загрижени за сѐ пополаризираната реторика во БиХ. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и штитат државните институции, да се вратат на конструктивен дијалог и да преземат чекори за напредок на патот кон ЕУ интеграција, вклучително и во релевантните реформи.

ЕУ и САД им стојат на располагање на властите во БиХ за да им помогнат во преземање на тие чекори, порачаа Борел и Блинкен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин во 2021: Хронично болните и невакцинираните да не одат на свадби и веселби на затворено, голем е ризикот да заболат, советува Пановски

Редакција

Новинарот Михајловски за личната битка со корона вирусот и за загубата на татко му: Остава пустош зад себе

Редакција

Топлотен бран следните два дена, надлежните со препораки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница