еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонија ќе го набави “Молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19

Министерството за здравство информира дека ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид-19.

“Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

Вирусот Ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2“, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Редакција

(ВИДЕО) Огромна направа што плута успешно почна да собира отпад во Пацификот

Редакција

Пет лица биле на возраст од 20 до 39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница