еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Деца за восхит: Ана Марија си замина оздравена, откако нејзиниот брат Никола ѝ донираше матични клетки да ја спаси

Ана Марија, чиј што брат Никола ѝ донираше матични клетки, денеска си замина оздравена од Клиниката за хематологија.

„Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит. Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра.

На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест.

Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман, кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест.

На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје,“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Филипче/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го прифати ли Владата „францускиот предлог“ без Собранието: Детали од брифингот на Ковачевски, Османи и Маричиќ со новинарите

Редакција

Новогодишни пакетчиња за децата од ранливи категории и за лица со посебни потреби-донација од „Sport Life“

Редакција

Полетаа двата авиона со посмртните останки од Софија за Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница