еМагазин
Image default
Македонија

Пријавен физички напад во Василево поврзан со кампања за локалните избори

Вчера во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица.

Според полицијата околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време се движело возило зад нив во кое имало две лица.

-Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од сeло Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив.

Кога пријавителката го земала телефонот да повика полиција А.В., физички ја нападнал, а кога К.П. се обидел да ја заштити и тој бил физички нападнат од А.В., а С.А. се обидел да го удри К.П., но не го погодил, стои во информацијата од струмичката полиција.

Од СВР Струмица додавават бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчитување на настанот, по што ќе се следи соодветен поднесок до ОЈО Струмица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Припадник на МВР во службено возило е загинатиот во железничката несреќа

Редакција

Намалување за 36,5%: За една недела 2.934 нови случаи на Ковид-19

Редакција

МВР го приведе лицето што утрово ѝ избега на затворската полиција пред Кривичен суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница