еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП го продолжи рокот за поднесување ДДВ-4 до 27 октомври

Управата за јавни приходи (УЈП) го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата за уште два работни дена, односно до 27 октомври.

Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци.

„Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот долг годинава 60% од БДП, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира Народна банка

Редакција

БИМ од Свети Николе откупи 1 сопствена акција

Редакција

Самит на Македонија2025 на 15 и 16 мај: Фокус на иницирање промени и иновации во Југоисточна Европа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница