еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

16 пациенти вакцинирани со „Синофарм“ починале од Ковид-19 минатата недела, а шест со „Синовак“

Министерството за здравство го објави неделниот извештај за починати лица со Ковид-19, кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.

За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 15.10-21.10.2021 година починале 124 пациенти со Ковид-19, од кои 27 биле вакцинирани.

Во однос на типот на вакцини со кои починатите биле вакцинирани еден пациент е вакциниран со „Фајзер“, двајца со вакцина „АстраЗенека“, шест починати пациенти со Ковид-19, примиле вакцина „Синовак“, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината „Спутник В“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Какви хронични болести имале починатите од Ковид-19 минатата недела, а кои биле вакцинирани

За една недела починале 124 болни од Ковид-19: 97 биле невакцинирани, а 27 вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Редакција

Отров општество: Ќе те смачкаат на улица како Цековска и убиецот ќе добие само три години затвор

Силвана Жежова

(Видео) Каков беше патот до осамостојувањето на македонската држава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница