еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

А1 Македонија со нов салон во East Gate Mall и со ексклузивна промоција за посетителите

А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, ја збогатува продажната мрежа и отвора нов продажен салон во East Gate Mall, информираат од компанијата.

Продажниот салон се наоѓа во приземјето на трговскиот центар. Атрактивната позиција го прави лесно пристапен за сите посетители кои сакаат непосредно да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин да го направат вистинскиот избор за комуникација.

Како и во сите продажни салони во мрежата на А1, целокупното ентериерно решение е во согласност со брендот и имиџот на компанијата и претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на девет члениот персонал со клиентите што ја претставува и крајната цел на компанијата, да обезбеди што подобра услуга за своите корисници.

Во рамките на официјалното отворање на салонот сите посетители кои во периодот од 29.10.2021г. до 31.10.2021г. ќе обноват или склучат нов договор за А1 Нео портфолиото или А1 Комбо добиваат ексклузивна можност за дополнителен попуст до 6.000 денари за одредени модели на телефони.

А1 продажниот салон ќе работи секој ден од 10:00 до 22:00 часот.

Сите детали можете да ги добиете на www.a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ го прославува 20. роденден со промоција од 20.000 евра за патниците

Редакција

Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје додели благодарници на соработниците за нивната поддршка на универзитетот

Редакција

(ВИДЕО) Градоначалничката на Битола со стој на глава отвори училишна сала

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница