еМагазин
Image default
Локално

46-годишен маж од Мислешево починал по пад од трактор

Четириесет и шест годишен жител на струшкото село Мислешево го загубил животот при пад од трактор, извршувјќи земјоделски работи, соопшти денеска СВР Охрид.

Потрпаролот Стефан Димоски информира дека се работи за Б.М. (46), кој починал на нива во местото „Градарица“.

– Во одделението за внатршни работи Струга, вчера околу 13 часот, од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица“, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт.

Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М. (46) од селото Мислешево, кој починал при управување трактор, изјави Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец почина во судар меѓу мотоцикл „БМВ“ и работна машина за сечење дрва

Редакција

Скопјанец се повредил скокајќи од прозор при бегство од полициска станица

Редакција

Притвор за насилниците во „Трибека“ кои кршеа инвентар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница