еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар

Бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 77 денари, литар „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 79 денари. За литар дизел ќе се плаќа по 68 денари, како и 67,5 денари за екстра-лесното масло.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти, кај дизелот има намалување за 0,461 проценти, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ во одлуката за промена на цените на горивата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Со Renewable energy supply ќе го промениме концептот на продажба на струја и на компаниите ќе им обезбедиме предвидливост на цените

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар по литар

Редакција

Македонска берза: Ќе продолжиме со работа додека објективните околности тоа го дозволуваат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница