еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат со уставното име на државата

Штипските советници од СДСМ стојат на ставот дека свечената изјава, која вчера ја добиле од општинските служби, не ја потпишуваат, оти не е валидна, а на која наместо уставното име Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Штип, Маријана Рогожарска-Поповска, за МИА вели дека тие го почитуваат Уставот, а вчера тоа што се случи на седницата треба и некој да ги преземе одговорност.

– Ние ќе испратиме и барање за толкување до Општинската изборна комисија, Државната изборна комисија и до Собранието на Република Северна Македонија. Мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ плус Левица (крајна десница) постапи спротивно на Уставот и Статутот на општината. Истиот оној статут по која ја свикуваат и одржуваат седницата, вели Рогожарска-Поповска.

Деветмината штипски советници од СДСМ ќе чекаат да се корегира свечената изјава, па ќе ја дадат заклетвата на седница на Советот на општина Штип.

МИА и вчера објави дека некорегираната изјава во Законот за локална самоуправа, која општинските служби само ја испечатиле, донесе тензии и расправии во Советот на Штип.

На изјавата се уште стои Република Македонија, а не новото уставно име Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

На конститутивната седница на Советот на Општина Штип, вратено името Република Македонија

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијансата за Албанците до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за сериозно да се бориме против криминалот и корупцијата

Редакција

ЕУ да ја награди Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача Шолц од Тирана

Редакција

Во штипскиот ковид центар починаа двајца пациенти од Кочани и еден од Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница