еМагазин
Image default
Бизнис

Девет компании доставиле понуди за јаглен за РЕК Битола, понудите ги исполнуваат бараните количини, велат од ЕСМ

Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен, информира АД ЕСМ.

Како што прецизираат, понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.

-Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите.

Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот, посочуваат од ЕСМ.

Нагласуваат дека се во постојана комуникација со Владата и со ТЕЦ Неготино со цел стартување на термоелектраната, со поддршка на ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има нов тендер, РЕК Битола остана без јагленот што го бараше

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кои се условите за патување во Грција до 24 мај

Редакција

Извозот во првите пет месеци зголемен за 44,3 отсто, а увозот за 39,5

Редакција

Стопанска банка Скопје од камати и провизии лани „инкасирала“ 71 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница