еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ОКТА додели пет стипендии на постдипломци на УКИМ

ОКТА додели стипендии на петмина постдипломци на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, информираат од компанијата.

По тој повод стипендистите имаа можност да го посетат седиштето на компанијата и да се сретнат со главниот извршен директор Вук Радовиќ.

Поддршката која ја добија студентите е дел од програмата „Нова Генерација“, преку која веќе петта година по ред ОКТА поддржува талентирани и успешни студенти од втор циклус на студии на УКИМ.

„Изборот воопшто не беше лесен, поради тоа што како кандидати за овие стипендии се пријавуваат навистина солидни студенти, меѓу најдобрите во државата. Среќни сме што имаме можност да ги поддржиме токму овие млади амбициозни луѓе во нивното понатамошно образование и формирање како идни професионалци во своите специјалности.

Ова е петта година по ред како доследно ја спроведуваме програмата „Нова Генерација“, преку која обезбедивме стипендии за 40 постдипломци. Заедно се радуваме на сите нивни достигнувања за време на студиите“, рече Радовиќ по потпишувањето на договорите за стипендирање на избраните постдипломци.

Годинава, стипендираните постдипломци доаѓаат од четири факултети, сродни со дејноста на ОКТА – двајца од Факултетот за електротехника и информациски технологии и по еден од Технолошко-металуршкиот, Природно-математичкиот и од Машинскиот факултет.

„Сакам да искажам огромна благодарност до ОКТА за оваа дадена можност. Сметам дека сите студенти се свесни за тоа колку ваквите стипендии се значајни и потребни.

По краткото запознавање со останатите стипендисти уверен сум дека ќе го оправдаме ова вложување во нашето образование“, изјави Јован Поповски, стипендист од ФЕИТ за време на доделувањето на стипендиите во деловните простории на ОКТА.

Поддршката на образованието и новите генерации претставуваат значаен елемент во општествено одговорната стратегија на ОКТА, велат од компанијата. Во текот на изминатите пет години, преку програмата „Нова Генерација“, доделени се вкупно 40 стипендии за втор циклус студии во земјава и седум стипендии за постдипломци на универзитетите во Пиреја и на Крит во Грција. Дополнително, младите се поддржуваат и преку овозможување редовна практикантска работа во компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ го доби првиот рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти (ESG)

Редакција

Учениците од стручните паралелки споделуваат позитивни искуства од наставата во средните стручни училишта

Редакција

Трофеј за најдобро црвено вино и дополнителни 14 медали за Тиквеш на саемот во Белград

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница