еМагазин
Image default
Македонија

Таравари за мнозинството на опозицијата: „Преговараме со уште неколку пратеници, очекуваме бројката да се зголеми на 65“

Ние од синоќа имаме ново мнозинство за недоверба на оваа Влада, но практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници и се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64-65, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари за „Канал 77“.

„Има интерес од повеќе пратенци коишто се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ.

Имаме и други пратеници коишто се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира,“ изјави Таравари.

Тој додаде дека траењето на оваа Влада би била околу година и пол, со цел прво да се расчистат и декриминализираат институциите од ДУИ, па дури потоа, според него, може да се организираат фер и демократски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петковски за „Фокус“: Лесно може да ја урнат владата, но тешко ќе направат нова поради личните и концепциски разлики

Тачи за новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ: „Ова е уште еден голем театар, албанските лидери ќе ги чини скапо“

Касами е стабилна личност и не очекувам големи пресврти во БЕСА за комплетно да се приклучи кон опозициското мнозинство, вели Трајанов

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И СДСМ против отварање на академија на Албанците во Македонија

Редакција

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

Редакција

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница