еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд денеска во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе се шпекулира во јавноста оти го повлекува својот потпис за постигнување на ново парламентарно мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.

Тој во изјава за ТВ Алсат појасни дека се залага за уривање на власта, но е дециден дека тоа нема да го стори по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левица.

– Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица. Не го добивме мандатот за да и служиме на антиалбанска кауза, рече Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скендер Реџепи од Алтернатива останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но има забелешки за Левица во „фронтот“

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зајд нема да го поддржи новото мнозинство на опозицијата, поради Левица

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште непознат идентитетот на починатиот пронајден на Плачковица

Редакција

(ВИДЕО) „Македонија блокира“ времено го блокираше граничниот премин Богородица

Редакција

ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, амандмани и екологија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница