еМагазин
Image default
Бизнис

Во септември 318 одобренија за градење и нови 618 станови

Во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број од одобренијата се во Полошкиот регион, 66, по што следат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46,…

Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849  метри квадратни.

Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,..

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3 833.718.000 денари, за 16,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција.

На 195 (61,3 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рапид билд“ го доби тендерот на МЕР за полнење на гасоводот Клечовце-Неготино вреден 268.000 евра

Редакција

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 550 денари по акција

Редакција

Градежниците лани изградиле 3.437 станови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница