еМагазин
Image default
Македонија

Реџепи од Алтернатива за пратеникот од Беса: Знаев дека тој што еднаш ќе те предаде, ќе те предава секој пат

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска во изјава пред Собранието рече дека останува на истата позиција, односно дека „оваа Влада треба да оди во опозиција“.

– Дојдовме тука да гласаме за пад на оваа Влада и нашиот став останува дека власта треба да оди во опозиција, рече Реџепи.

На прашањето дали би биле дел од некоја влада предводена од СДСМ, пратеникот на Алтернатива изјави дека тие во моментов се опозиција и оти битката ја водат како опозиција.

– Ако во иднина би имале некоја понуда, тоа ќе биде разгледано во партиските органи. Сега наша цел е да ја урнеме оваа власт до 24 часот, изјави Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Во врска со последната одлука на Кастриот Реџепи, пратеник од Беса, кој објави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, Скендер Реџепи рече дека последната комуникација со него му била пред три-четири години кога се раздвоиле од Беса.

– И знаев дека тој што еднаш ќе те предаде, ќе те предава секој пат, изјави Реџепи.

Тој истакна оти за жали за тоа што се случило и смета дека тоа е со цел ДУИ да не падне од власт, но изрази надеж дека до 24 часот ќе се случи спротивното.

– Дали се тие кои го држат процесот? Ние сме тие кои потпишале, ќе чекаме од тие што го носат овој процес и кој ќе биде планот Б. Веруваме дека ќе се случи, рокот е до 12 часот и се е можно, додаде Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на Беса, Касами вели дека не е изненаден од одлуката на сопартиецот Реџепи

Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

Редакција

Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат промена на Уставот

Редакција

Претседателот на ДИК, Дерковски оцени дека изборниот ден поминал одлично со мали исклучоци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница