еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил министерот Хоџа, кој поднесе оставка

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Арјанит Хоџа, кадар на Беса си поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и двајцата заменици-министри од Беса поднесоа оставки

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го поднел до Антикорупциската комисија, кога станал министер. Сега во рок од 30 дена треба да поднесе нов.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил само возило Фолксваген Пасат, сопственички удел, за кој не дал податок – каде, и кредит од 728 илјади денари, кој треба да го врати до 2025 година.

На име на родителите од наследство пријавил куќа и земјоделско земјиште во Крани, Ресен, како и два стана, во Скопје и Струга, стекнати со договор за купопродажба.

На нивно име пријавил и возило Мерцедес, а на име на сопругата и родителите уште два кредити, од по 1,1 и 3,2 милиони денари, кои треба да се вратат до 2029 година..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

Фото: Хоџа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија се согорува над 100.000 тони био-отпад, предизвикувајќи деградација на земјиштето и загадување на воздухот

Редакција

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид

Редакција

Општина Липково склучи договор со „Ју-Бај 2 Амет“ вреден 721,1 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница