еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Јато фламинга на Охридското Езеро

Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум.

Слични ситуации беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро.

Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење во овие краеви.

Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, но тоа се ретки појави, како и ова нивно присуство на Охридското Езеро.

Фламингата населуваат мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни.

МИА/Фото/видео: ohridnews.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Старецот Вартоломеј, игумен на манастир на Света Гора во посета на Св.Јован Бигорски

Редакција

(Видео) Македонски, грчки и бугарски музичари и солисти, заедно на сцената на НДК во Софија

Редакција

Жените заедно, хумана иницијатива на Women’secret

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница