еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Ретроспективната изложба на Васко Ташковски во Даут-Пашин амам, руши рекорди на посетеност

Ретроспективната изложба на Васко Ташковски, која од 21 октомври е отворена во Даут Пашин амам, руши рекорди на посетеност. Според неофицијални информации, изложбата во просек ја посетуваат околу 50 љубители на уметноста дневно.

Во петокот, во Националната галерија беше прилично раздвижено, претежно од млади луѓе.

И имаше што да се види, импресивен творечки опус на академикот Ташковски, дела, создавани во различни периоди од неговиот уметнички израз.

Низ делата, се огледа и описот на Ташковски „водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.“

Делата се во сопственост на авторот и имаат продажен карактер.

Изложбата е отворена до 15 декември.

Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има стан во Австрија и кредит од 12,9 милиони денари: Каков имот пријавил Нуредини, старо-новиот министер за екологија

Редакција

Сопственикот на „ДоказМ“, Стаменковски повторно хоспитализиран

Редакција

Убава вест: Оздравени 17 лица кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница