еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиен предлогот за условен отпуст на Зоран Милески – Кичеец

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција, при Кривичниот суд го одби предлогот за условен отпуст на Зоран Милески-Кичеец, правосилно осуден на три години затвор за случајот „Рекет“.

– Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива, соопшти денеска Основен кривичен суд Скопје.

Од Кривичен суд, информираат дека решението во текот на денешниот ден е експедирано до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од осум дена, преку овој суд до Апелацискиот суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сообраќајката во која загина 32-годишен маж, Зоран Милески-Кичеец доби шест месеци затвор

Зоран Милески Кичеец преместен во полуотвореното одделение во Затворот Струга

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КС Сервис: Исто како во европските земји, отворен комплетен сервис за вашиот дом и компанија

Редакција

(Видео) Ѓоковиќ победи на Ролан Гарос и стана најдобар тенисер на сите времиња

Редакција

170 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница