еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиство во Кавадарци: Маж избоден до смрт во тепачка, приведен 45-годишен маж

Педесет и девет годишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци.

За убиството е приведен и осомничен Х.С. (45) од Кавадарци, потврдија за МИА од МВР.

-На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци, наведуваат од МВР.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот,  велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство за родителите од Илинден и Петровец

Редакција

Милиони луѓе ќе го дадат својот глас за Земјата: Македонија по 11. пат се вклучува во акцијата Часот на планетата Земја

Редакција

Виз ер: Рутите до Барселона и Лондон ќе ги има само на лето, такви се барањата на пазарот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница