еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести, за задолжителна вакцинација за здравствените работници и администрацијата.

Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила.

– Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против војата на поединецот, стои во реакцијата на ССМ.

Синдикатот информира дека во изминатиот период до него пристигнале обраќања од работници кои не се вакцинирани во кои укажуваат дека не им е дозволено да влезат на работа без сертификат за вакцинација или негативен тест направен на нивни трошок.

Поради ова, од ССМ се обратиле до Државниот инспекторат за труд од каде добиле одговор дека ваквите однесувања на работодавачите се незаконски.

– Во врска со пријавите од ССМ добивме и известување од Државниот иснпекторат за труд (ДИТ) со кое сме информирани дека ваквите однесувања на работодавачите кои забрануваат влез за невакцинирани работници или ги задолжуваат да донесат негативен ковид тест на свој трошок како услов да дојдат на работа, се незаконити.

ДИТ постапувајќи по пријавите на ССМ, правилно ги применил законите и по спроведен инспекциски надзор ги укинал спорните одлуки на работодавачите, се вели во соопштението од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР тест или потврда за прележан ковид, предлага Комисијата за заразни болести

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Европскиот совет со кого се сретна Мицкоски во Брисел и порача на Македонија да ги почитува договорите

Редакција

Уставен суд одлучи во корист на работниците, го укина членот 12 од Законот за номинирање стратешки партнер

Редакција

Денеска двојни избори во Македонија, искористете го своето гласачко право

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница