еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Дојче веле“: Десетина лица кои биле во модуларната болница во Тетово, неочекувано се јавија како сведоци

Десетина сведоци сами се пријавиле во тетовското Обвинителство за да раскажат што се случувало ноќта на 8 септември, кога само за неколку минути изгоре модуларната болница, во која се лекуваа ковид-пациенти, објави Дојче веле.

Станува збор за лица кои вечерта биле присутни во  ковид центарот – дел од нив се лекувале, а останатите биле придружба на своите блиски заразени со ковид. Сите тие сведочеле за миговите кога настанал пожарот и нивниот обид да се спасат бегајќи низ прозор.

„Од нигде-никаде се појавија луѓе за кои ние воопшто не знаевме дека ноќта биле во модуларната болница. Тие доброволно дојдоа во Обвинителството и посведочија дека биле таму во моментот кога избувнал пожарот.

Тие биле сместени во други соби, но почнале да бегаат низ прозорците за да се спасат, кога огнот почнал да се шири“, вели за Дојче веле првиот човек на тетовското Обвинителство, Бесир Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се бара дете родено на 12.02 од социјално загрозено семејство или на самохран родител за да добие бесплатна роденденска прослава и подарок!

Редакција

37 се реинфекција: 223 нови случаи на Ковид-19 од 2.365 тестови

Редакција

Нов раст: 1.375 случаи на Ковид-19 од 7.188 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница