еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопска апелација му го укина куќниот притвор на Јанакиески, ја заменува со мерка претпазливост

Апелациониот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиески, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.

– Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор, информираат од Основен кривичен суд Скопје и додаваат дека мерката претпазливост е забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР изрече 785 прекршоци за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција

Македонија за 210 милиони долари купува борбени возила од САД

Редакција

Почина Павел Каралиев – Патка, сопственикот на култното охриско кафуле „Duck“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница