еМагазин
Image default
Македонија

Во железничка несреќа во Битола тешко повредени две деца од 2 и 5 години

Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди.

Незгодата, како што потврдија за МИА од Железници на РСМ, се случила околу 08.06 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош“, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински“ во овој град, каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.

Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.

СВР-Битола поведе истрага за овој случај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна околу 200.000 евра, прекинат меѓународен канал за транспорт на дрога

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Пари, возила, оружје, дрога одземени при апсењата на Штекли и соработниците: Детали од МВР за акцијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница