еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија, Станимир Станев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“.

Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево, од каде морал да ја напушти Бугарија.

Според Стаев, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.

Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци.

Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Засега ништо не може да се каже за причините, немало друг учесник во несреќата, а заштитните огради го чувале автобусот да не испадне од делницата.

Случајот го истражува Националната истражна служба поради големиот број жртви.

Утврден е идентитетот на сите патници кои поминале гранична контрола при влез во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Техничка неисправност на македонскиот автобус кој изгоре во Бугарија или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица хоспитализирани во Софија по несреќата во која изгоре македонски автобус

(Фото) Голема трагедија: Најмалку 45 лица загинаа откако македонски автобус се запали во Бугарија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По невремето во Скопје: Најмногу пријави за поплавени простории и паднати дрва

Редакција

(Видео) Лозано со нов хит „Бариера„

Редакција

(Видео) Сопругата на Стево Пендаровски открива каков е приватно: Необично духовит и прекрасен татко

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница