еМагазин
Image default
Македонија

Починаа четворица пациенти во штипскиот ковид центар

Четворица пациенти починаа за едно деноноќие во штипскиот ковид центар.

Портпаролот на Клиничка болница – Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека тројца пациенти се од Штип на возраст од 78 и 86 години, а еден пациент на возраст од 75 години е од Берово.

Тројца од пациентите не биле вакцинирани, а еден бил имунизиран. Шуманска посочи дека од починатите тројца се мажи и една жена.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 48, а во Кожното одделение се двајца пациенти. На постојана кислородна поддршка се 29 лица, а во дневната амбулатна прегледани се 59 пациенти од Штип и целиот источен регион. Слободни места во штипскиот Ковид центар има за 20 пациенти.

Во рок од два дена починаат шест лица, од кои петмина се од Штип, а еден од Берово. Сите се на возраст од 70 до 90 години.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек полициска акција во Грчец и Гази Баба

Редакција

Грција и Македонија да го остават спорот надвор од НАТО, порачуваат од Пентагон

Редакција

Нема апанажа за функционерите кои поднеле оставка или биле разрешени, одлучи Уставен суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница