еМагазин
Македонија

Во Софија приведен маж за неприфатливи коментари на Фејсбук за автобуската несреќа

Полицијата привела 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, некомпатибилни со моралните и етичките норми, соопштија од бугарското МВР.

Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие.

– Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл.162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем, соопштија од бугарското МВР.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи смета дека не е точно дека Грција не исполнила ништо од Преспанскиот договор

Редакција

Државна ревизија со забелешки за капиталните расходи во образовната инфраструктура

Редакција

Македонија во Брисел ќе понуди „француски предлог плус“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница