еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Хуманитарен турнир во фудбал „Победата е наша“: Средствата ќе се наменат за изработка на перика за девојче кое се лекува на хематологија

Хуманитарен турнир во фудбал „Победата е наша“ ќе се одржи во спортската сала во ОУ „Кочо Рацин“, Петровец, Скопје на 12 декември со почеток во 11 часот.

„Ве повикуваме сите кои играат фудбал, имаат другари и сакаат да се натпреваруваат, притоа да се хумани, да оформите екипа од 5+1 играчи и сите заедно да им покажеме на децата во болница дека тимската работа доведува до победа.

Котизација по екипа е 1.500 денари. Средствата кои ќе се соберат ќе се наменат за изработка на перика за девојче кое се лекува на хематологија.

Нема големи и мали луѓе, има само победа и среќа. За децата во болница, играат големите срца од Скопје. Победата е наша,“ вели организаторот Здружението САНО.

Број за пријавување е 071 331 981, Виктор Петрушевски.

Повеќе информации на линкот ОВДЕ.

„еМагазин“ е медиумски покровител на овој настан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Редакција

48,38% е излезноста на првиот круг од претседателските избори, повисока отколку на последните избори

Редакција

Судењето против Жан Митрев започна од почеток поради истек на 90 дена од последното рочиште

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница