еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Министерот за здравство Венко Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ.

Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека нема таков интерес, а во однос на информациите дека Алтернатива го бара ресорот здравство, рече дека сега се е во сферата на шпекулациите и дека во моментот фокусот е ставен на окрупнувањето на парламентарното мнозинство.

– Во однос на преговорите, сега се е во сферата на шпекулациите. Тие се уште траат во делот на усогласувањето на политичките ставови.

И денеска премиерот има состанок со лидерот на Алтернатива после што ќе се соопштат ставовите. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство, изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе влезе ли Алтернатива во Владата: Денеска нова средба на Заев со Гаши

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Сарај за набавка на горива вреден 51.000 евра

Редакција

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишна девојка, таа се бори за живот на Клинички

Редакција

Се сеќавате ли кога последен пат ви ја зголемиле платата?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница