еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Фросина Ременски влегува во „трка“ за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата.

– Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ, Ременски.

Образложувајќи ја ова кандидатура таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.

Воедно, Ременски посочи дека денешниот ден има и симболика во нејзината кандидатура, бидејќи ја поднесува во време на 16-дневниот женски активизам против насилството врз жените.

– Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на фунција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандитура, изјави Ременски.

Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови.

– Секој кандидат кој влегува во натпревар за претседател на партијата се надева на победа. Сметам дека ќе добијам поддршка и дека ќе постигнам солиден резултат, изјави Ременски и додаде дека нејзината визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред кои што е исправен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски денеска и официјално ќе поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во писмото во кое Јанева бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да бидат предадени на ОЈО

Редакција

На МОН за првпат му се заканува тужба за дискриминација, од 126 фалат дури 43 учебници

Редакција

(Видео) МВР пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана, запленети 40 килограми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница