еМагазин
Image default
Македонија

Денеска нова средба Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Во Клубот на пратениците во Скопје за денеска во 14 часот е закажана нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Одржувањето на средбата го потврдија и од Владата и од Алтернатива.

-Средба ќе има денеска во 14 часот во Клубот на пратениците, во ист формат како и претходниот пат. И овој пат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираме преку соопштение, велат од Владата.

Претходно премиерот Заев и Гаши имаа средба во понеделникот, кога, според соопштението испратено од владината прес-служба по нејзиното завршување, начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек.

Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Гаши постигнале согласност за програмскиот дел од можната идна соработка, дополнително ќе се разговара за кадровските решенија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставата ќе почне со физичко присуство

Редакција

Како изгледа кривата на досегашниот тек на пандемијата со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Османи ќе вложел напори во среда да биде во Скопје и да се обрати на собраниска Комисија за патоказот за договорот со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница