еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

Владата на денешната 124-та редовна седница донесе одлука за определување највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Владината прес-служба соопшти дека цените ќе бидат на висина од 1 декември 2021, а одлуката ќе важи до 31 јануари 2022, со можност за продолжување доколку тоа и натаму ќе го бара состојбата на пазарот.

-Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда.

Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приходите повисоки за 6,6 милиони: Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра

Редакција

Одбележан 20-годишниот јубилеј на „Zan Mitrev Clinic“: „И најголемиот бизнисмен и социјалниот случај добиваат иста услуга“

Редакција

Министерството за култура вработува, плата до 31.305 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница