еМагазин
Image default
Бизнис

За 3,5 денари се намалува цената на бензинот и на дизелот

За 3,5 денари се намалува цената на бензинот и дизелот, а за три денари цената на екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од полноќ, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 71 денар за литар, „еуросупер БС-98“ за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи, велат од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странски инвеститори „држат“ третина од пазарот на Македонската берза

Редакција

Поплавен рудникот „Суводол“, во прекин ископот на јаглен за РЕК Битола

Редакција

Народна банка: Вакцинацијата за Ковид-19 влева оптимизам, но се уште постојат ризици по економијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница