еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓаните на 191 може да пријават поскапување на „замрзнатите“ цени на прехранбените производи

Во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи, граѓаните може да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

„На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година,“ напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адинг ќе дели дивиденда

Редакција

„Лукоил“ го доби милионскиот тендер на Министерството за одбрана за набавка на гориво

Редакција

Реалност или весела статистика: Бројот на невработени се намалил за 13.500 лица за три месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница