еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Граѓаните се посиромашни: Основните трошоци на четиричлено семејство зголемени за 320 денари во ноември

Основните трошоци на едно четиричлено семејство во ноември се зголемени за 320 денари во споредба со октомври, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој ја изработува синдикалната минимална кошница.

Според пресметките на синдикатот, вредноста на синдикалната кошничка во ноември изнесува 34.893 денари. За храна и пијалоци минимум биле потребни 15.000 денари, а за режиски трошоци 10.914 денари.

– Евидентно е дека минималната синдикална кошница секој месец се зголемува и затоа ССМ постојано апелира минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари, а линеарно да се зголемуваат и сите останати плати.

Поради се по евидентното зголемување на цените, повеќе од неопходно е дека ни треба зголемување на платите со кои ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите, за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните, велат од ССМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во 2035 година би имала 1,53 милиони жители: Проекција на Државниот завод за статистика

Редакција

Петков прeдложил Бугарија да се откаже од негирањето на македонскиот јазик, откри Генчовска

Редакција

Во блок трансакција продадени акции од Скопска пивара за 5 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница