еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Американската агенција за храна и лекови го одобри лекот на АстраЗенека против коронавирусот – „Евушелд“

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот на АстраЗенека против коронавирусот – „Евушелд“.

Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.

Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразени лица.

Вакцината на АстраЗенека сè уште не е одобрена во САД.

Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд“ ја спречува инфекцијата со Ковид-19 и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите.

Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.

– Иако вакцините се најефикасна заштита од Ковид-19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, рече една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони.

Сепак, ФДА додаде дека АстраЗенеке не е замена за вакцинирање на луѓе за кои е препорачана вакцината.

Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид-19.

Слични лекови веќе произведуваат Ели Лили, Реџенерон и Глаксо Смит Клајн.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот на Собранието за набавка на струја вреден 249.000 евра

Редакција

Нови 1.554 случаи на Ковид-19 од 4.153 тестови, 216 се реинфекции

Редакција

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, 5% починале надвор од болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница