еМагазин
Image default
Бизнис

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

-Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.

ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на „ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.

ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, велат од ЕСМ.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИСОС: Повеќе од 4.700 професионални сметководители се усогласени со законот, но поединци сеуште работат во сива зона и се гласни поддржувачи на ваквата негативна појава

Редакција

„Дрисла“ го доби тендерот на општина Тетово за чистење и депонирање на отпад вреден 1,9 милиони евра

Редакција

Бислимоски: Над 200.000 броила се во домовите на граѓаните, воведувањето на евтина тарифа во време на пандемија е невозможно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница