еМагазин
Image default
Македонија

Ветото за Македонија останува, идниот премиер Петков ќе ја претставува Бугарија на Советот на ЕУ

Кирил Петков, кој се очекува денеска да биде избран за нов бугарски премиер, ќе го замени претседателот Румен Радев како претставник на земјата на последиот за оваа година европски Совет во Брисел в четврток на 16 декември, објави бугарската електронско издание „24 Часа”.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претходно беше планирано на последниот Совет Бугарија да ја претставува претседателот на Бугарија, Радев.

Според изданието, лидерот на „Продолжуваме со промените” и најверојатно нов премиер на Бугарија од денеска, Петков, сепак сакал тој да присуствува на европскиот Совет и да преговара со другите европски лидери.

Тоа ќе биде негово прво учество на Самитот на ЕУ, каде ќе биде со новиот германски канцелар Олаф Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 16 години Германија доби нов канцелар – Олаф Шолц

 – Ставот на Бугарија во однос на Северна Македонија останува непроменет, изјави завчера Петков за време на претставувањето на програмата на неговата влада пред новинарите во Народното собрание.

– Но, мора да се надгради за да има корист за двете земји, додаде тој, порачувајќи дека мора добро да се комуницира со неговите коалициски партнери.

Петков во Брисел ќе треба да ја брани рамковната позиција одобрена од преодната влада на Бугарија, според која Софија го одобрува почетокот на пристапните преговори во ЕУ за Албанија, но не и за Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста

(Фото) Кој е приватно и службено, Кирил Петков, можниот иден премиер на Бугарија

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дождот не го изгасна пожарот на Галичица, испратена теренска екипа

Редакција

Не е забрането јавно да се користи Македонија и јас често велам само Македонија, вели Таравари

Редакција

Лица кои наводно се членови на фолклорна група од Косово го поставиле албанското знаме на тврдината во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница